Откупени 24,4 милиони килограми тутун, просечната цена 196,80 денари

Од:

Откупот на тутунот е во завршна фаза. До вчера се преземени 24,4 милиони килограми, а просечната цена е 196,80 денари, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.

– До овој момент нема никакви проблеми со текот на откупот. Се надеваме дека многу скоро ќе биде откупен и посleдниот килограм од реколтата 2016, истакна Трипуновски на прес-конференција на која го најави воведувањето нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство.

Крајниот рок за откуп на тутунот е 15 март 2017 година. Според производителите, родот е со одличен квалитет поради што и цената е повисока, а субвенциите изнесуваат 60 денари за килограм.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун