Откриен најголемиот рудник на дијаманти

Од:

Никаде во светот до сега не се пронајдени импактити со такви карактеристики, што на стручните лица им дава можност да зборуваат за нивното вонземско потекло и за тоа дека Русија станува единствениот сопственик на неограничени резерви на единствена сировина, која е барана во сферата на современата технологија, тврди заменик-директорот на сибирскиот Институт за геологија и минералогија, Генадиј Никитин.

Руските научници уште во седумдесетите години таму ги пронашле првите дијаманти – импактите со необични својства: биле два пати потврди од вообичаеното и имале поинаква структура, пишува Блиц.

Меѓутоа, во тоа време започнала изградбата на фабриката за производство на синтетички дијаманти, проучувањата биле стопирани, а на податоците за наоѓалиштето била ставена назнака на тајна.

По симнувањето на назнаката геолозите ги проучувале својствата на тој минерал.

„Веќе првите резултати на истражувањата се доволни за да може да се зборува за можен пресврт на целокупниот пазар на дијаманти”, рекол Никола Похиленко, директор на Сибирскиот оддел на Институтот за геологија и минералогија.

Според зборовите на академикот Похиленко на импактните дијаманти им додаваат вредност необичните абразивни својства и големите размери на зрната.

Според проценките резервите на таа сировина ќе бидат доволни за целиот свет за 3.000 години, а примената на тие минерали, како што сметаат во преработувачката индустрија, се во состојба да извршат техничка револуција.

Многу големи коорпорации веќе покажале сериозна заинтересираност за таа сировина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца