Откажан новиот „Ауди А2“

Од:

Компанијата Ауди планира да се откаже од сериската верзија на новиот модел А2, чиј концепт со електричен погон беше претставен уште во септември 2011 година.

Веста ја објави британскиот Autocar, повикувајќи се на „високо рангиран функционер“ од германската компанија. Во информацијата не се наведува причината за откажувањето од сериско производство, а според истиот извор Аиди има намера сознанијата што го стекна во текот на работата на моделот А2 да ги искористи на своите идни автомобили.

Првобитниот план на Ауди беше со сериска верзија на моделот А2 да почне во текот на 2015 година и на тој начин да му се спротивстави на БМВ-и3. Инспирирана од првата генерација на Ауди А2 и неговата алуминиумска конструкција, новата верзија требаше да се произведува во две варијанти- како Плуг-ин Хибрид и како Електрично возило (ЕВ).

Концептниот А2 што беше прикажан на авто-салонот во Франкфурт во 2011 година имаше електричен погон и маса од само 1.150 килограми, а во таканаречениот „сендвич под“ беа сместени литирум-јонски батерии.

Според податоците на производителот, електромоторот развива 85 kW/116 Кс и максимален обртен момент од 270 Нм. Забрзувањето од 0 до 100 километри изнесува 9,3 секунди, а  максималната брзина 150 километри на час. 

Ауди тврдеше дека концептниот А2 е во состојба со едно полнење на батериите да мине 200 километри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on