Османи: Очекувам квалитетни проекти од општините за апсорпција на средствата од ИПА

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во улога на ИПА Национален Координатор се обрати пред претставниците на Советот за развој на југозападниот плански регион каде заедно со тимот за распределба на странска помош при Секретаријатот за европски прашања ги презентираа состојбите, можностите за финансирање на проекти наменети за локалната самоуправа со средствата од европските фондови.

„Приближувањето до европските правила и стандарди значи слободна трговија, економски просперитет, инвестиции во инфраструктура, инвестиции во отворање нови работни места, поквалитетно образование итн., односно приближувањето до Европската Унија значи поквалитетен живот за граѓаните и приближување на нашиот стандард со оној на земјите членки на Унијата”- подвлече Османи.

Тој додаде дека за исполнување на европските перспективи, потребна е активна соработка меѓу централната власт и општините, а сѐ со цел заедничка реализација на капиталните инвестиции кои доаѓаат од централниот буџет, но и за унапредување на капацитетите за зголемена апсорпција на средствата од ИПА и другите фондови на билатерална помош за Македонија.

„Преку ИПА инструментот, приближно 600 милиони евра, неповратни средства од земјите на Европската Унија, ѝ се ставени на располагање на Република Македонија за период од седум години”- истакна Османи, додавајќи дека е тоа огромна шанса, за општините, за искористување на значајни финансиски средства од страна на европските фондови.

Како најзначајни програми за општините, Османи ги посочи програмата за прекугранична соработка, но и можноста за општините да партиципираат за реализација на крупни инфраструктурни проекти на нивната територија.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами