Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) денеска ќе презентира пет Предлог-политики за унапредување на бизнис-климата кои се дел од активностите во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ финансиран од Европската унија, што го спроведува Меѓународната организација на трудот.
Ќе бидат претставени предлог-мерки во пет области: овозможувачка правна средина, владеење на правото, развој на претприемачката култура, поттикнување на лојалната конкуренција и пристап до финансиски услуги.
Предлог-мерките, како што наведува ОРМ, ќе бидат основа за идното делување за подобрување на бизнис-климата во Македонија и за зголемување на конкурентската способност на македонските компании.