ОРМ: Дефицит на квалификувани работници во текстилната индустрија

Од:

Недостигот од квалификувана работна сила во домашната индустрија е се поизразен. Оваа појава станува алармантна во текстилната индустрија и затоа итно се неопходни ефективни мерки со кои ќе се надмине овој проблем кој прераснува во реална закана за опстанокот на многу домашни компании од овој сектор.

Ова е главната констатација на учесниците на најновиот состанок од серијата консултации со претставници на бизнисот, коишто во рамки на проектот „Деловен појадок“ ги организира Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со цел размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат предлози за подобрување на регулативата во областите кои се од интерес на работодавачите.

На состанокот на кој присуствуваа и претставници на Трговско-текстилниот кластер беа детектирани главните причини за дефицитот на работна сила во оваа индустриска гранка, како и можните начини како тој да се надмине.

– Државните субвенции во вид на ослободување од данок и придонеси што ги добиваат странските фабрики во технолошко – индустриските развојни зони им овозможуваат да исплаќаат малку повисоки плати и на тој начин да ги привлечат квалификуваните работници од домашните фабрики кои не можат да користат вакви субвенции од државата со кои би се намалиле нивните трошоци. На ваков начин, домашните индустриски капацитети го губат висококвалификуваниот кадар во чие создавање со години било вложувано, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Втората причина за алармантниот недостиг на квалификувана работа сила, особено во текстилната индустрија, е слабиот интерес кај младите да работат во оваа гранка.

– Реформите во образованието и наставните програми мора да ги следат потребите на стопанството кое нема никаква полза од систем кој овозможува запишување на факултет без какви било критериуми и дипломирани студенти со многу ниско ниво на знаење и скоро без никакви практични вештини. Потребна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања, смета претседателката на Трговско-текстилниот кластер, Маријана Перковска.

Од ОРМ најавуваат дека како резултат на овие консултации бизнис заедницата, ќе се дефинираат конкретни предлози за подобрување на состојбите во текстилната индустрија, која, како што велат, има големо значење за домашната економија – учествува со 11 проценти во вкупниот извоз на Македонија и вработува околу 37.000 работници, што претставува над 35 проценти од вработените во целокупната преработувачка индустрија.

Би можело да ве интересира

Годината што изминува неповолна за текстилниот сектор

Текстилниот сектор нема работници, странските партнери се ориентираат на далечниот Исток

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска

Текстилниот сектор пред колапс, работниците на принуден одмор, се чека петтиот сет мерки

Катерина Ѓуровски

Текстилците најавуваат до 20 отсто отпуштања ако не ја добијат навреме поддршката за плати

Ана Ололовска

Текстилните компании изненадени, мислеле дека државната помош ќе продолжи и во јануари

Жарко Настоски