„Орка холдинг“продаде 50 отсто од уделот во МПМ, ќе основа портал „Телеграф МКД“

Од:

„Орка холдинг“соопшти дека продала 50 проценти од уделот кој го поседува во „Графички центар Скопје“ на српската компанија „Интернет Груп“ сопственик на електронскиот портал –„Телеграф“, портал со најголем раст и рејтинг во Југоисточна Европа кој месечно достигнува посетеност од преку 5 милиони читатели, преку 16 милиони отворени страници и преку 150 000 читатели од Македонија.

„Уште при купување на групацијата „Медиа принт Македонија“ од „Ост холдинг“, компанијата „Орка холдинг“ најави дека преговара со стратешки партнери од регионот за влез во делот од компанијата“, велат од компанијата.

„Орка холдинг“ најави дека ќе основа и интерактивен портал – „Телеграф МКД“ по примерот на светските модерни интернет портали, кој ќе биде единствениот портал во Македонија составен од независна редакција од 50 новинари која ќе биде активна 24 часа секој ден во неделата.

Новиот веб портал ќе биде достапен во три електронски изданија: на македонски, албански и англиски јазик. Согласно актите на компанијата, по реализација на трансакцијата, во Управниот одбор кој брои 3 члена, еден претставник ќе има групацијата „Интернет Груп“ од Србија.

Би можело да ве интересира

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот