Ориенталниот тутун заминува во историјата?

Од:

Министерството за земјоделство, размислува за ограничување и постепено укинување на насадите со ориентален тутун.

Дознаваме , дека препораките на Светската здравствена организација ќе се испочитува од страна на Република Македонија.

Според препораките за 5 години треба да престане одгледувањето на ориентални тутуни во Македонија.

Веројатно е дека уште во следната, 2013 година, производството ќе биде намалено на 12.000 тони, за до 2018 година ориенталниот тутун сосема ќе исчезне од македонските полиња.

Фабриките , производители на цигари веќе масовно почнале да ги откажуваат договорите со откупувачите на ориентален тутун на Балканот.

Од извори од Министерството за земјоделство, дознаваме дека во 2013, веројатно е дека само две компании ќе откупуваат ориентален тутун, СокоМак Битола и Велес Табак.

Ставрески неодамна им порача на тутунарите да не се грижат, останува тутунот на македонските ниви,а субвенцијата од едно евро тутунарите ќе си ја добиваат.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун