Општина Гевгелија од својот буџет ќе издвои над 1,2 милиони денари за реновирање и адаптација на објектот за сместување во планинарското одморалиште Смрдлива Вода, што е во нејзина сопственост.
Овој износ, велат од општината, претставува 10 отсто од вредноста на вкупната инвестиција од 12,3 милиони денари за која општина Гевгелија аплицираше на повикот за изразување интерес за добивање грантови за реализација на проекти од областа на развојот на инфратруктурата поврзана со туризмот.
Проектот предвидува целосна реконструкција и внатрешно уредување на објектот за кој, како што во својата дискусија спомна градоначалникот Сашо Поцков, по неговата комплетна адаптација советниците ќе одлучат што понатаму со него, дали преку јавен повик ќе се издава или пак ќе се продава.