Бизнис Конфедерацијата на Македонија и 13 партнерски организации – претставници на бизнис заедницата денеска организираат средба на која тема ќе биде корпоративно општествено одговорни практики на национално и меѓународно ниво.
За време на дводневната средба претставниците на бизнис заедницата ќе се информираат за состојбите за КООП во Македонија, како и во регионот.
Ќе се истакне важноста за општествено одговорно управување со претпријатијата врз основа на Глобалниот договор на Обединетите Нации и десетте принципи за одговорно водење бизнис, Декларацијата за мулти национални компании, Европската рамка за ООП, Глобалната иницијатива за известување, Инструментите и стандардите за воведување ООП ИСО 26000…
Целта на корпоративната општествена одговорност е како да им се помогне на компаниите да се вклучат во КОО, фокусот на малите и средни претпијатија и препознавање на општествено одговорни практики.