Опозицијата и власта во ринг за ребаланс на буџетот

Од:

Продолжува дебатата за ребалансот на буџетот. Повторно опозицијата и власта ќе ги вкрстат аргументите за рекомпонирањето на државната каса, само четири месеци, откако буџетот беше изгласан.

Опозицијата, вчера жестоко критикуваше, дека ребалансот на буџетот не е навремен и адекватен, поставен е на погрешни претпоставки за растот на економијата, а по него ќе треба да следува уште еден ребаланс.

За власта со ребалансот се обезбедува одржување на капиталните инвестиции на високо ниво и со него, не се намалени платите, пензиите, социјалната помош и субвенциите за земјоделците.

Според Деловникот, дебатата за буџетот, трае три дена, што значи доколку денеска не се исцрпат дискусиите, утре ќе се направи пауза поради седницата за пратенички прашања и најверојатно, ќе се продолжи в петок, за да се затвори точката за ребалансот.

 

 

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски