„Опел“ на Саемот во Женева 2013 ќе го претстави концептот „Адам Рокс“

Од:

„Опел“ на Саемот на автомобили во Женева 2013 ќе го изложи концептот „РОКС“ што е темелен на „лајфстајлот“ на моделот „АДАМ“.

Со овој кросовер дизајнерското студио на „Опел“ дополнително му ги проширува можностите за индивидуализација на својот најмал модел.

Во „Опел“ изјавуваат дека концептот „АДАМ РОКС“ е направен за оние кои бараат лична слобода „надвор од познатите и истапкани патеки“” и подалеку од урбаните средини.

Повисок  и со пошироки тркала, со посилен  и покомпактен изглед, со отворен поглед на небото, овој концепт покажува како високото ниво персонализација на „АДАМ“ може да добие нова димензија.

Новата кросовер каросериска верзија е со должина од 3,7 метри, засилена со шасија која е за 15 милиметри повисока и за 20 ммилиметри поширока од стандардниот  „АДАМ“.

На агресивниот изглед на концептит „АДАМ РОКС“ придонесува новата, поистакната маска на ладилникот, ЛЕД фаровите и покажувачите на правец во форма на бумеранг.

Автомобилот е поставен на 18 инчни тркала со видливи „Брембо“ диск сопирачки.

Во „Опел“ наведуваат дека „АДАМ РОКС“ е осмислен да дава посебно чувство на слобода кое е дополнително нагласено со кабрио изгледот и платнениот покрив со рабови во сина  боја.

Електричниот покрив се склопува со помош на далечински управувач, сосема назад се  до столновите и не минува преку вратата  од багажникот.

„АДАМ РОКС“ својата премиера ќе ја има на претстојниот авто-салон во Женева, а од „Опел“ се уште не потврдиле дали и кога ќе почне неговото сериско производство.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска