„Опел“ ќе затвори една од клучните фабрики во Германија

Од:

Германскиот производител на автомобили „Опел“ соопшти дека ќе го забрза процесот за затворање на фабриката во Бохум, која е една неговите клучни фабрики во Германија, до крајот на 2014 година, односно порано од претходно планираното.

Ваквата најава следи откако синдикатите го отфрлија предлогот фабриката во Бохум да остане отворена до крајот на 2016 година, во замена за замрзнување на платите и други мерки за штедење.

– Предвидуваме дека производството ќе биде прекинато порано, уште во 2014 година, изјави претставник на „Опел“.

Во рамки на договорот постигнат кон крајот на февруари со американскиот гигант „Џенерал Моторс“, кој е сопственик на „Опел“, германската компанија понуди да продолжи со производството на автомобили во Бохум до крајот на 2016 година, а потоа фабриката да продолжи да произведува автоделови и да функционира како логистички центар со 1.200 вработени, наместо сегашните 3.200.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on