ОПЕК се договори со земјите надвор од картелот за намалување на добивката за над 600.000 барели дневно

Од:

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се договори со државите кои не членуваат во картелот да ја намалат експлоатацијата на нафта за над 600.000 барели дневно, пренесе ТАСС, цитирајќи ја агенцијата Блумберг, која се повикува на извор од една од делегациите.

Членките на ОПЕК во Виена денеска водат преговори со другите производители на црното злато, кои не се дел од организацијата, но се наклонети да се приклучат кон спогодбата за намалување на дневната експлоатација на овој енергетски ресурс. На средбата учестуваат 12 земји, кои не влегуваат во ОПЕК, а на средбата има вкупно 25 земји учеснички.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак уште синоќа изјави дека очекува договор до крајот на разговорите, а изрази и подготовеност Москва да ја намали експлоатацијата за 300. 000 барели дневно.

Мексико може да го намали своето производство за 150. 000 барели на ден, а Еквадор за 25.600 барели дневно, се дозна пред почетокот на денешниот форум.

На 30 ноември за првпат во последните осум години ОПЕК одлучи да ја намали својата експлоатација до 32,5 милиони барели дневно. На тој начин, од 1 јануари 2017 година производството на членките на картелот ќе се нами за 1,164 милион барели на ден.

Се очекуваше таква спогодба да се склучи и со производителите надвор од ОПЕК, од кои се очекува од 2017 година експлоатацијата да ја намалат за 600. 000 барели дневно. За Русија овој показател е 300. 000 барели на ден.

Целта е да се поддржат цената на суровината, што значително се намали.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста