Опаѓа нивото на „сивата економија“ во Европа

Од:

Наспроти очекувањата дека со економската криза расте нивото на „сивата економија“, непријавената економска активност сепак е намалена минатата година во Европа со 19,3 отсто на 19 отсто БДП, се наведува во студијата на кредитната групација Виза.

Благодарение на подобрувањето на економското опкружување во однос на почетокот на кризата во 2008 година и заострување на мерките за сузбивање на затајувањето данок, нивото на „сивата економија“ во 2013 година би можело да биде најмало во последната деценија, односно да падне на 18,5 отсто од вкупното БДП на ЕУ, Норвешка, Швајцарија, Турција и Хрватска, се наведува во студијата.

Работата на црно и непријавените трансакции во пет најмоќни европски економии како Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија во 2012 година достигнале износ од 2.175 милијарди евра, при што најмногу непријавени работници имало во трговијата и градежништвото.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана