ОНЕ објави раст во сите сегменти на работењето

Од:

Компанијата ОНЕ денеска објави дека во првото полугодие од годината остварила раст во сите сегменти од работењето како и дека очекува да го задржи позитивниот тренд во работењето.

Во првата половина од 2012, ОНЕ оствари раст од 24 отсто на заработката пред плаќање камати и даноци  (ЕБИДТА)  и раст на приходи од 3 отсто споредено со истиот период лани.

„Со задоволство можам да истакнам дека ОНЕ бележи раст во сите сегменти од работењето. Горди сме на постигнатото што е резултат на силните заложби на менаџментот, но и на иновативноста, новите комерцијални политики, квалитетот и уникатноста на нашите производи и услуги“, изјави Генералниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол .

Групацијата Телеком Словенија, која е сопственик на македонскиот оператор,  објави дека на ниво на Групацијата во првото полугодие се остварени 391,1 милион евра приходи од работењето, што е за три отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Заработката пред плаќање камати и даноци била за три отсто повисока, што значи 41,3 милиони евра, додека нето профитот се покачил 5% и достигнал 26,5 милиони евра.

Воедно, нето финансискиот долг е намален за 27% во текот на последните 12 месеци и изнесува 325,8 милиони евра на крајот од првата половина од годината.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана