Поранешниот висок политичар на Европска унија, Оли Рен изјави дека ќе се кандидира за гувернер на Централната банка на Финска.
Рен беше комесар на Европска унија за проширување, а најави дека сака да биде и член на Европската централна банка од јули.
Актуелниот гувернер на Финска, Ерки Ликанен во јуни го завршува вториот и последен седумгодишен мандат во јуни, а негов наследник ќе биде именуван во мај. Рен е фаворит за функцијата гувернер на Централната банка на Финска.
Рен (56) има докторат од економија од Универизитетот Оксфорд, а една деценија беше во Европска комија, а по должничката криза во еврозоната беше комесар за економска и монетарна политика.