Во април годинава, во Република Македонија, се потошени 601.034 МWh електрична енергија, 8.082 милиони нм3 природен гас, 399.521 тони јаглен и 83.628 тони нафтени продукти, соопшти Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 65.2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94.3% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.