Околу 150 апликации за самовработување во Центарот за вработување Куманово

Од:

Околу 150 апликации пристигнале во Центарот за вработување Куманово за мерката самовработување. До крајот на септември ќе се знае точниот број на корисници на грантовите кои ги доделува државата за почнување сопствен бизнис, информираа надлежните од оваа институција.

– Годинава поразличен е концептот, апликантите се во различни фази кои треба да ги поминат за да добијат грант за самовработување, кој се дава во опрема или репроматеријали, изјави Младена Јаќимовска, соработник за поддршка за вработување.

Во кумановскиот Центар за вработување обуката ја посетувале шест групи на активни баратели на работа, заинтересирани за користење на оваа мерка.

– Значајно е што дури 50 проценти од поднесените апликации се од млади лица, изјави Јаќимовска.

Грантот кој се доделува во опрема или репроматеријали е во вредност од 307.500 денари. И оваа, како и претходните години, има разноликост во однос на поднесените апликации – дел се за производство, дел за трговија, опфатени се речиси сите индустрии.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра