Охридскиот аеродром претставен на Меѓународниот туристички саем во Берлин

Од:

Концесионерот на македонските аеродроми „ТАВ“ го промовира Охрид и аеродромот „Св. Апостол Павле“ на Меѓународниот туристички саем, што се одржува во Берлин. Саемот е домаќин на околу 10 илјади учесници од повеќе од 180 земји и над 180.000 посетители.

Аслихан Чортук, маркетинг-директорка на „ТАВ аеродроми“ информира дека на саемот ги промовираат дестинациите на аеродромите управувани од  „ТАВ холдингот“ во Грузија, Македонија и во Тунис. На 12- годишнината од нашето учество на овој саем, целта ни е да направиме значителен придонес за областите каде што работиме. Свесни сме дека аеродромите, како места за влез и излез од државите и градовите, играат важна улога во развојот на туризмот, изјави Чортук.

Со промоцијата, укажа, се обидуваат да го зголемат бројот на летови паралено со туристичкиот потенцијал на тие места.

„ТАВ аеродроми“ управува со двата македонски аеродроми – „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид од 2010 година.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид