Охрид бара кредит од 1,7 милиони евра од Светска банка

Од:

Општина Охрид очекува да добие кредит во висина од 1 милион и 750 000 евра од Меѓународната банка за обнова и развој. По тој повод денеска во Општината се одржа јавна расправа. Со тие средства, Локалната самоуправа планира да реализира неколку капитални инвестиции како рехабилитација на улици и локални правци, како и набавка на современи возила за Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Задолжувањето ќе се реализира по пат на домашно долгорочно пред позајмување преку проектот за подобрување на општинските услуги и тоа под следните услови: Каматната стапка ќе биде одредена врз основа на еден шест месечен јури бор со варијабилен распон. Од она што до сега го имавме врз база на пресметките во изминатите години оваа каматна стапка не надмина никогаш повеќе од 2 %. Рок на отплата на овој заем ќе биде 13 години со грејс период од 3 години. Тоа пресметано би значело дека годишната рата е од 12 милиони 705 илјади и 372 денари или 206 илјади 591 евро на годишно ниво. Последниот датум на отплата на заемот не треба да биде повеќе од 15-ти февруари 2030 година – објасни градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Со средствата планирано е да бидат изведени изградбата на две поголеми раскрсници, рехабилитација на површината на патиштата, реконструкција на коловозот, изградба на атмосферска канализација.

Со овие средства планирана е и набавка на пет специјални возила за собирање отпад, како и поставување ограда во должина од 1850 метри околу депонијата кај Буково.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена