Оглас за отворање на нови е-продавници

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за избор на најдобри е – продавници. Најдобрите претприемачи кои ќе победат со своите бизнис планови ќе добијат веб страница и бесплатно хостирање во времетраење од една година.

Петте веб продавници кои ќе покажат најдобри резултати во работата во текот на првата година ќе бидат дополнително наградени бесплатно хостирање во втората година и дополнителен електронски каталог за 50 производи.

Право да конкурираат имаа сите државјани на Македонија и правни лица регистрирани за вршење трговска дејност во Централниот регистар.

Бизнис плановите ќе бидат бодувани според следните критериуми: оперативен план, дистрибуција и цени, маркетинг план, проекција на финансиски план, иновативност на идејата, ризици, извор на финансирање и практичната изводливост на идејата.

Изборот на најдобрите бизнис планови ќе го изврши комисија составена од претставници на бизнис коморите, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за економија и експерти. Комисијата ќе го следи и работењето на веб продавниците во текот на првата година.

Заинтересираните ќе треба до Министерството за информатичко општество и администрација да достават копија од лична карта за физичко лице или документ за регистрирана дејност за правно лице, формулар за искажување интерес, изјава за искажување интерес и бизнис план.
На конкурсот може да се аплицира најдоцна до 15 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана