Официјална Атина го демантира „Фајненшл Тајмс“

Од:

Грција не се подготвува за банкрот, а истото мислење го имаат и нејзините кредитори, изјавија грчки владини извори одговарајќи на написот во „Фајненшл тајмс“.

Британскиот весник вчера објави дека Грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите.

Истите грчки извори истакнаа дека преговорите интензивно продолжуваат со цел да се најде заемно прифатливо решение и нагласија дека ќе се докаже дека „24 април ќе биде уште еден датум на кој нема да се случи крајот на светот“, јави дописникот на МИА од Атина.

– Она што се чини дека ги вознемирува сите е што грчката Влада е решена да стави крај на политиката на штедење, а прашањето за развој да го стави високо на европската агенда. Со нетрпение чекаме да ја видиме статијата што „Фајненшл тајмс“ ќе ја објави на 25 април, изјави висок претставник на грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица