Британската влада соопшти дека ќе ја блокира продажбата на 12 полиња за црпење нафта и гас од дното на Северно Море, на рускиот олигарх Михаил Фриман.
Нафтоносните полиња сега се во сопственост на германската компанија РВЕ-Деа, но таа го продава целиот свој имот во британскиот дел на Северно Море на инвестициона група Летер-Уан, зад која стои Фриман.
Блокадата на зделката во вредност од пет милијареди евра,се спроведува од политички, а не од економски причини.
Официјален Лондон „стравува“ дека оваа зделка би значела прекршување на воведеното економско ембарго врз Русија и дел од нејзините државјани, поради украинската криза.
Министерството за енергетика соопшти дека Фриман е еден од потенцијалните руски бизнисмени кои би можеле да бидат ставени под режимот на санкциите што ги воведуваат САД и ЕУ.
Стравувањата на британското Министерство се објаснува со незивесноста како (политички) ќе се развуваат работите,затоа што Фриман и неговата Летер- Уан „може во иднина“ да бидат опфатени со санкциите.
Германската компанја РВЕ која ја поседува компанијата-ќерка РВЕ-Деа,меѓутоа, соопшти дека продолжува со реализацијата на продажбата (на Фриман) без разлика на британската блокада.
Лондонски „Фајненшл тајмс“ открива дека рускиот олигарх предупредил дека ќе поднесе тужба против британаката влада,за попречување на договорот за купопродажба.
Според договорот меѓу германската РВЕ-Деа и рускиот инвестиционен фонд на Михаил Фриман, во Велика Британија би се формирала посебна фирма за стопанисување со нафтените полиња во Северно Море. Фирмата „Л 1 Енерџи„ треба да биде раководена од британскиот лорд Браун, пораншениот извршен претседател на компанијата БП.