Одлуката за уставните измени ќе има влијание врз економијата

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во цел свет па и во Македонија многу работи зависат од политиката, и оти дефинитивно политичкиот процес којшто е од исклучително значење за иднината на Македонија поврзано со интеграциите во ЕУ и НАТО и тоа како има влијание врз економијата.

– Прво, имало влијание секаде во сите земји што станале членки на НАТО и на ЕУ, ќе има влијание и кај нас. Ако македонскиот Парламент донесе позитивна одлука и тоа како треба да бидеме паметни и да ги собереме економските плодови од ваквите одлуки. Ако македонскиот Паралмент не донесе одлука, тогаш веројатно тоа ќе има влијание и врз економијата и врз севкупниот општествен живот во Македонија. Реков, ако нема одлука, ќе мора одговорност да се носи во државата, а ако има одлука и тоа како ќе треба да се носи одговорност за економските успеси коишто ќе треба да се постигнат. Останувам непоправлив оптимист дека македонскиот Парламент ќе изнајде сила, рече Заев на прашање од новинарите дали 2019 ќе биде економска година за Македонија независно од политиката по потпишувањето на договор за изградба на фотоволтаична центала во ТЕЦ Осломеј.

Нагласи дека заокружувањето на ова значајно политичко поглавје со уставните измени во чиј контекст е и денешната средба со Касами, а кое Македонија го очекува 27-28 години од својата независност до сега, земјата ќе добие ветер во грб, и доколу бидеме паметни и сите ресурси ги насочиме овде граѓаните и земјата ќе почувствуваат економски бенефит.

Заев потврди дека попладнево во 16 часот во Владата средбата со Билал Касами од Беса, е во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени.

-Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Очекувам од Касами да слушнам што ја загрижува БЕСА, нејзините гласачи и поддржувачи, рече на денешната прес-конференција Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека разговара со сите политички партии без разлика дали се власт или опозиција, во, како што рече, функција на прифаќање на уставните измени.

-Денешната средба со Касами е договорена пред Нова Година, Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви, рече македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски