Македонија го одложи задолжувањето со еврообврзницата од 650 милиони евра, пишува Ројтерс.
откако член на опозициската партија, СДСМ ја доведе во прашање нејзината законитост.
Издавањето е одложено откако член од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во писмо известил дека државата нема соодветена правна основа за издавање на еврообврзницата.
Тој навел доколку Ситигруп, Дојче Телеком, Ерсте и SG CIB, водечките банки кои требаше да учествуваат во оваа операција, продолжат со процесот тоа ќе значи кршење на одредени закони и прописи на Република Македонија.
Членот на СДСМ, како што пишува медиумот, изјавил дека ако се продолжи со издавањето на обврзници, тоа ќе значи кршење на законите на Република Македонија.
Владата уверува дека писмото било политички мотивирано и дека не постои правна основа за оспорување на овластувањата или издавањето на еврообврзници.