Одложена средбата на Самарас со „тројката“

Од:

Средбата на грчкиот премиер Андонис Самарас со претставниците на меѓународните кредитори на Грција, познати како „тројка“, што требаше да се одржи вчера попладне, е одложена за вечерва, јави дописникот на МИА од Атина.

Иако извори од Кабинетот на Самарас соопштија дека средбата е одложена поради „технички причини“, а не поради пречки во преговорите, познавачите на состојбите коментираат дека се работи за недоверба на „тројката“ во ветувањата на грчката Влада.

На состанокот кој треба да се одржи вечерва, ќе биде направен обид да се постигне консензус за повеќе структурни реформи, вклучувајќи ја и долго одложуваната рационализација на државната администрација, кои се предуслов за отпуштање на следната рата од заемот за спас на Грција во вредност од 2,8 милијарди евра.

Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас утре во Брисел ќе учествуваат на самит на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски