Одгледувачите на ноеви бараат специјализирани кланици за развој на бизнисот

Од:

Одгледувачите на ноеви бараат специјализирани кланици за развој на овој бизнис. Семејниот бизнис Зоран Стоилков од село Смоларе го води скоро петнаесет години, но со текот на времето го намалил бројот на ноеви.

– Пред 14 години ги донесовме првите ноеви од Италија. Заедно со брат ми одлучивме да го почнеме овој бизнис. Денес имаме само четири птици, две женки и два мажјаци. Моравме да го намалиме бројот поради отсуството на специјализирана кланица која е потребна за да може месото да се продава на берза, како и во другите држави, појаснува Стоилков.

Вели дека интерес има, но главната пречка им е кланицата која ќе го отвори патот на месото до странските пазари. Нојот е многу лесен за одгледување, а од него се користи скоро се.

-Големи се придобивките од одгледување ноеви. Првин од нив не се фрла ништо, ниту ноктите, ниту трепките кои се користат во козметичката индустрија. Месото, се продава на берзите, а цената зависи од категоријата. Јајцата исто како и месото се без холестерол и се многу хранливи, вели Стоилков.

На фармата на Стоилкови живеат птиците кои се потомство родени тука. Ноевите живеат од 60-70 години што е речиси еден просечен човечки живот.

– За ноевите треба основни услови, храна и вода, и купуваме едни витамини. Фармата треба да не е многу влажна за да не им се расипат ноктите. Инаку се издржливи животни кои скоро и да не се поболуваат, спијат и на снег и на дожд. Пилињата се особено нежни во првите три месеци кога им треба специјална грижа и нега со повисок степен на хигиена, вели Стоилков.

Ги продаваат јајцата на локалните жители. Најголемото го имале пред седум години кое тежело два килограма и 250 грама, а просечно тежат од килограм и двесте грама до килограм и 500-600грама.

– Јајца несат на секои 4 до 5 дена. Една женка може годишно да даде до 60-70 јајца. Едно јајце заменува триесет кокошкини. Да не зборувам за составот и квалитетот. Затоа ќе повторам, инвестирањето од кланица може да ги отвори вратите за овој бизнис, да ги искористиме инкубаторите кои ни фаќаат прашина, и да го зголемиме бројот на птици, вели Стоилков.

Освен економската корист, ноевите биле и атракција за посетителите, кои често доаѓале на фармата да ги видат овие кротки животни. Стоилков вели дека е единствен производител на југоистокот, откако претходно негови колеги ставиле клуч на фармите. Вели дека има колеги во Гостивар и во Тетово.

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска