Од следната грејна сезона се очекува исклучените од Топлификација да не плаќаат паушал

Од:

Проблемот со исклучените граѓани од „Топлификација“ кои плаќаат паушал ќе биде решен со подзаконски акт и може да се очекува дека од следната грејна сезона тие нема да плаќаат, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– Мислам дека ќе најдеме решение кое ќе биде на задоволство на сите страни. Може да се очекува од следната грејна сезона, тие да не плаќаат паушал, изјави Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот настан што го организира Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Во однос на законот за енергетика што вчера помина на владина седница, вицепремиерот Анѓушев рече дека во него се вградени голем број од забелешките од економските оператори кои работат во делот на енергетиката, како и од Европската енергетска заедница.

– Овој закон беше работен во координација со Европската енергетска заедница. Обврска беше Македонија да го донесе законот во 2014 година и беше критикувана од ЕУ бидејќи тој закон не е донесен. Моравме да ги усогласиме локалните потреби кои се специфични, но воедно да ги имплементираме и директивите и мерките од третиот пакет на Европската унија. Затоа работевме со Европската енергетска заедница, појасни Анѓушев.

Тој е задоволен од предложеното законско решение кое, како што рече, ќе направи прогрес во енергетското работење во Македонија.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови