Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст

Од:

Владата денеска донесе одлука за распоредување на приходите од игрите на среќа и од забавните игри во 2023 година за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со оваа одлука, како што соопшти владината Прес-служба, се распоредуваат средства во износ од 69 милиони денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидските организации, на Националниот сојуз на слепите, на Националниот сојуз на глуви и наглуви, на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија и на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака.

Дополнително, 9,71 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет и на Националниот сојуз на инвалиди на трудот.

– За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4 милиони денари, за здружението Кризен центар Надеж, Организација на жени на Град Скопје и Национален совет за родова рамноправност, се наведува во соопштението од 124-та и 125-та седница на Владата.

За финансирање, пак, на Годишната програма на Црвениот крст на Република Северна Македонија е предвиден износ од 8 милиони денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6 милиони денари и средства во висина од 2 милиони денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.

– Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Заседава Економско социјалниот совет, синдикатите ќе побараат повлекување на законот за плати во јавниот сектор

Борел доаѓа во Скопје со порака до македонската влада: корупцијата сериозно го „минира“ условениот датум на преговорите

Петар Клинчарски

(ВИДЕО) АПИС до пратениците: Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без работа?

Горан Наумовски

АПИС: Денеска остваривме средба со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник ќе имаме средба со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

АПИС: Денеска остваривме средба со координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник ќе имаме средба со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите јадат леб од 80 денари