Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот намалување за 1,779%, кај екстра лесното масло намалување за 1,389% и кај мазутот намалување за 1,067%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,058%.
– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.