Од 1-ви март цената на парното греење ќе биде намалена за 13,26 проценти, а во Скопје Север за 14,92 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Намалувањето се должи на намалената цена на природниот гас за 18,6 проценти во однос на последниот квартал.
„На влез во дистрибутивната мрежа се мери количеството на топлинска енергија, и секој месец се утврдува преку извештаите пристигнати кај Регулаторната“ вели претседалот на Комисијата, Димитар Петров, околу контролата за граѓаните да бидат измамени.
Тој додаде дека количината не се мери после 22 часот. Контролата се гарантира според измените на Правилникот, во кој се вели дека дистрибутерите треба да испратат вкупен износ до 15ти секој месец, според кој Регулаторната комисија утврдува дали тој износ е намален.
Продолженото греење за 2 до 3 часа нема дополнително да се наплатува ветуваат од Регулаторна комисија за енергетика. Дополнителниот тајминг за греење ќе се надоместува во време на летниот период, кога нема потреба од греење, и сето ова велат за да не се зголеми цената на парното.
„Ние во нашите надлежности гарантираме дека граѓаните не треба да бидат измамени“, додаде Петров.
Тој истакна дека поголемиот дел од граѓаните, околу 85 проценти, во последниот месец од минатата година добиле сметки со износ од нула денари, но тоа било поради топлото време.
Јасна Атанасова