Од 1. јуни директна авиолинија Варшава – Скопје

Од:

Од 1 јуни 2018 година, полскиот авиопревозник за првпат ќе се почне директно да лета од Варшава до Скопје. Летови ќе има дури 6 пати неделно со модерни авиони-Ембраер.

Почнувајќи од летната сезона, патниците од Македонија ќе може да ги користат директните летови до Варшава или да се прекачат на летови до другите аеродроми опслужувани од страна на LOT кои опфаќаат 90 дестинации во широката мрежа на конекции. Редот на летање е планиран на начин што им обезбедува на патниците најпогодна понуда на летови, меѓу другото, за САД: до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, како и до Торонто во Канада.

Летови од аеродромот „Фредерик Шопен“ во Варшава до скопскиот аеродром ќе има секој ден освен во недела. Во понеделниците, средите и петоците патниците на ЛОТ ќе полетуваат од Варшава со модерните Ембраер авиони во 10:35 часот и ќе пристигнуваат во Скопје во 12:40 часот. Повратниот лет за Варшава ќе биде во 13:20 часот. Во вторниците, четвртоците и саботите, летовите од Варшава се предвидени во 14:25 часот, а слетувањето во Скопје во 16:30 часот. Заминувањето од Скопје е планирано во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава во 19:15 часот. Летовите ќе траат само 2 часа и 5 минути.

Летовите до Македонија ќе бидат опслужувани со авионите Ембраер 170 и 175. Во зависност од верзијата на моделот, патниците ќе имаат на располагање од 70 до 82 седишта во три класи: економска, економска-премиум и бизнис класа.

„ЛОТ ќе им понуди на патниците од Македонија најудобни конекции до Скандинавија и Западна Европа, како и до аеродромите до кои летаме во Северна Америка. Сигурен сум дека новата понуда ќе ги исполни очекувањата на патниците кои патуваат за бизнис и туристички цели” – рече Адриан Кубицки, Директор за Корпоративни комуникации на ЛОТ.

Редот за летање е испланиран на начин што на патниците од Скопје им обезбедува пристап до брзи и удобни трансфери на аеродромот „Фредерик Шопен“ при патување, меѓу другото до аеродромите во САД, Канада и во Европа, на пример до Скандинавија. За трансфер во Варшава треба да се предвидат само 80 минути, доколку се работи за летовите на ЛОТ, вклучувајќи ги и летовите до Аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, до Чикаго или Лос Анџелес.

Распоредот на летови е креиран така што патниците кои што патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за разни конекции од аеродромот Шопен во Варшава до дестинации во Соединетите Американски Држави, Канада и во Европа, на пример Скандинавија. За трансферите на LOT преку центарот во Варшава, до JFK, Чикаго или Лос Анџелес, треба да се предвидат само 80 минути.

„Со новата рута полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава“ – изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

ЛОТ ќе ја зголеми понудата на летови до земјите од Југоисточна Европа. Освен Скопје и Подгорица, во понудата на ЛОТ за летната сезона, исто така, се наоѓаат и летови до: Дубровник (нова конекција од мај – шест летови неделно), Загреб (зголемување на фреквенцијата од 10 на 14 летови неделно), Сплит (два лета неделно), Пула (еден лет неделно), Задар (два лета неделно), Белград (зголемување на фреквенција од 9 на 11 лета неделно), Љубљана (зголемување на фреквенција од шест на седум лета неделно), Софија (19 лета неделно).

Оваа година ЛОТ веќе најави почеток на шест нови европски дестинации од Варшава до: Скопје, Подгорица, Биллунд во Данска, до шестиот аеродром во Украина – Запорожје, до осмиот град во Германија – Хановер, до Домодедово (вториот аеродром во Москва), како и од Краков до Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ