Обуки за компаниите за користење на грантовите што ги нуди Фондот за иновации

Од:

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ќе организира серија обуки и активности за компаниите со цел тие подетално да се запознаат со грантовите што им стојат на располагање за развивање иновативни производи.

Со последниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој се нудат 15 грантови до максимален износ од 30 илјади евра кои се наменети за новоосновани старт-ап и спин-оф компании, како и 10 грантови во висина од 100 илјади евра за комерцијализација на иновации.

Директорката на Фондот за иновации Јасмина Поповска денеска на заедничката прес-конференција со ССК посочи дека најголеми забелешки при аплицирањето на компаниите има во однос на пазарниот потенцијал.

– Кај пазарниот потенцијал треба да се покаже дека конкретен сегмент од пазарот ќе биде задоволен, односно дека постои определена група на потенцијални купувачи на тој продукт. Не треба да се доставуваат детални анализи од истражувања, туку во најмала рака треба компаниите да поразговараат со неколку клучни потенцијални корисници со цел да добијат повратна информација. Тоа е корисно и за самото претпријатие. Ние секогаш ја гледаме апликацијата од аспект на бизнис планот. Ако бизнис планот е правилно поставен, тогаш тоа е добро пред се за компанијата, но и за Фондот како некој којшто финансира таков проект, истакна Поповска.

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов смета дека финансиската поддршка за компаниите е клучна за развој на нивниот бизнис и за развивањето иновативни производи.

– Планирани се обуки за компании со цел поголема искористеност на средствата, а во април е предвидено и понапредно ниво за да им се посочи на апликантите каде да се фокусираат во насока на добивање на средствата, рече Алексов.

Четвртиот повик за користење средства од Фондот за иновации трае до 3 мај.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра