Обука за менаџмент и онлајн туризам во Крива Паланка

Од:

Во општина Крива Паланка денеска се одржа oбука за менаџмент и онлајн туризам како дел од активностите на проектот „Туризам без граници“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.

Проектот го имплементира општина Крива Паланка заедно со општина Витина од Косово.

Обуката се спроведува во три модули. Првите два модула кои се завршени се обука за туристички водичи и обука за природен и за рурален туризам. Третиот модул е онлајн туризам, кој со целните групи се спроведува во општината.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги претстави техничките можности со кои општина Крива Паланка располага во моментот, а тоа е најсовремена сала за 3Д презентации, опремена со современа ИТ-опрема, кабини за симултан превод и адаптибилен мебел и ентериер.

– Користењето на новите технологии носи и нови предизвици и можности за развој на динамичен туризам со креирање онлајн понуда за привлекување на поголем број туристи. Во таа насока е и денешната обука, која особено е од значење за помладите генрации кои многу побргу и посоодветно ги следат и ги користат социјалните мрежи и интернет комуникацијата, а која може да се стави во функција на равој на туризмот, изјави Мицевски.

Ресурсите со кои располага општината ќе овозможат брза и лесна адаптација за користење од страна на сите институции, здруженија и групи на граѓани.

Мицевски ги претстави и туристичките потенцијали на општина Крива Паланка и нејзиното богато културно-историско и природно богатство.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот