Обука за финансирање проекти за енергетска ефикасност во локалните самоуправи

Од:

Обука за јакнење на капацитетите за финансирање и бизнис модели за енергетска ефикасност се одржа денеска во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) во рамки на проектот „CoolHeating“.

Како што соопшти општина Карпош, стручни лица, претставници од локалната самоуправа и претставници од банки и приватни фирми, презентирале модели за финансирање и управување проекти за енергетска ефикасност со модел на јавно-приватно партнерство.

На обуката, исто така, е претставена економска анализа на проекти за греење и ладење.

Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност при општина Карпош Љупчо Димов ја изложи својата презентација за финансирање проекти за енергетска ефикасност во локалните самоуправи.

Димов истакна дека овие проекти во општина Карпош донеле заштеда на потрошувачката за греење во зимски период, односно ладење преку летната сезона, и на тој начин граѓаните на Карпош заштедуваат повеќе средства во својот семеен буџет. Презентациите на овој настан имаа за цел да ги разработат прашањата кои се од интерес на локалните чинители и финансиските институции.

Претставниците на институциите и приватните фирми одржаа предавања од областа на финансирање, бизнис модели, договори и технологии во системите за централно греење и ладење, кои се базирани на обновливите извори на енергија.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува обединет

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

А1он

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ