Објавени првите фотографии од новиот Лексус ИС

Од:

Луксузниот бренд „Лексус“ на јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ ги објави првите фотографии од новиот модел ИС, кој официјално ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Детроит.

Новиот Лексус ИС е инспириран од концептот ЛФ-ЦЦ, кој беше објавен на претходните саеми.

Компанијата „Лексус“ наведува дека новиот модел има поголемо меѓуоскино растојание и повеќе простор за колената. Моделот ќе биде достапен и во хибридна верзија.

Лексус објави фотографии од моделот Ф-Спорт со истакнат преден дел. Редизајнирана е и внатрешноста, каде доминира екран чувствителен на допир.

Новиот модел ИС ќе биде достапен во верзиите ИС250, ИС350 и хибриден ИС300х.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on