ОАЕ воведува корпоративен данок од 2023 година, првпат во историјата на земјата

Од:

Обединетите Арапски Емирати ќе воведат федерален корпоративен данок на доход за првпат во историјата на земјата, соопшти Министерството за финансии.

Данокот на добивка ќе се применува од 1 јуни 2023 година.

„Корпоративната даночна стапка во оваа земја ќе биде 9,0 отсто на добивката над 375.000 дирхами (102.000 американски долари), додека на заработката до тој износ ќе остане нула отсто, за поддршка на малите претпријатија и почетниците на бизниси“, соопшти Министерството за финансии.

Министерството истакнува дека „корпоративниот данок во ОАЕ ќе продолжи да биде меѓу најконкурентните во светот“.

Поединци чии профити се остварени од вработување, недвижен имот, капитални инвестиции или други лични приходи кои не се поврзани со трговија или бизнис во ОАЕ сè уште нема да подлежат на данок.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Нуклеарка во ОАЕ ќе произведува 85 отсто чиста енергија до 2025 година

Ана Ололовска

Нетанјаху: Израел и Емиратите наскоро ќе воспостават авионски врски

Жарко Настоски

„Етихад“ заради загуби продава 38 авиони за милијарда долари

Ана Ололовска

ОАЕ очекува просечна цена на барел нафта од 70 долари во 2019 година

Ана Ололовска