Хуманоста е првата точка од која секогаш се води лидерот во приредување игри на среќа.
Да се помогне онаму каде тоа е најпотребно, да се нацртаат насмевки на лице, да се внесе љубов и топлина во сечие срце.
Овојпат Mozzart преку Здружението за поддршка,интеграција и ресоцијализација „ЛИНК” се погрижи да им ги разубави новогодишните и божиќните празници на најмладите од руралните средини, а кои се наоѓаат во социјален ризик и да внесе радост во нивните домови.
„Најубаво е чувството кога некому ќе донесеш среќа. Новогодишните пакетчиња секогаш претставувале најголема радост за најмалите, а не секое семејство истото може да си го дозволи. Токму затоа ова барање веднаш доби потврден одговор. Ни преставува особено задоволство што се поголем број здруженија, невладини организации, институции и поединци се обраќаат до нас за помош и поддршка и со заедничка соработка успеваме да бидеме нивната причина за среќа”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Како и секоја претходна, така и оваа година Mozzart реализираше голем број општествено одговорни акции, а помош стигна на многу адреси. Кога станува збор за хуманоста, компанијата и натаму останува лидер и пример кои сите останти треба да го следат.