Ново раководство во ЕДС: Компанијата на пат кон зајакнување на својата пазарна позиција

Од:

Компанијата ЕДС, која важи за лидер на пазарот за снабдување со електрична енергија и дел од групацијата PPC, влегува во нова фаза на раст и стратешка насока со назначувањето на Александар Сарџовски за главен извршен директор.

Во неодамнешно интервју, Сарџовски ја истакна посветеноста на компанијата да го задржи угледот на доверлив и стабилен партнер.
„Фокусирани сме на подобрување на оперативното работење, зголемување на конкурентноста и унапредување на услугите за нашите клиенти. Нашата стратегија се заснова на иновации во енергетските услуги, дигитализација на процесите и поддршка на клиентите во нивната транзиција кон поодржливо енергетско работење“, вели Сарџовски.

Тој истакнува дека една од неговите главни приоритети е развојот на нови, флексибилни пакети за снабдување со електрична енергија, внимателно креирани да одговорат на специфичните потреби на различни клиентски сегменти.

„Овие пакети се наменети да одговорат на потрошувачката на електрична енергија кај компаниите – како големи корпорации, така и мали и средни претпријатија. Новите производи за пазарот на електрична енергија вклучуваат долгорочни позиции со фиксна цена, како и производи со комбинација од фиксни и индексирани цени на електрична енергија. Целта ни е да им помогнеме на бизнисите да ја оптимизираат својата потрошувачка, да заштедат и да ја подобрат ефикасноста на работењето. Истовремено, цените што ги нудиме ќе бидат навистина конкурентни, со максимална вредност за клиентите,“ објасни Сарџовски.

Како дел од групацијата PPC — водечкиот енергетски снабдувач во Југоисточна Европа — ЕДС ја црпи својата сила од регионален енергетски гигант кој опслужува повеќе од 8,8 милиони корисници и произведува 32 TWh електрична енергија годишно.
„Членството во PPC групацијата ни овозможува пристап до напредни ресурси и знаење, што ја зајакнува нашата позиција и ни овозможува брзо прилагодување на променливите пазарни услови,“ вели Сарџовски.

Новиот менаџмент на ЕДС нагласува дека компанијата останува фокусирана на зацврстување на својата пазарна позиција преку испорака на одржливи решенија за клиентите.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

ЕДС со нова понуда на пазарот: 24 месеци фиксна цена на струја + подарок инвертер клима

Стабилност во време на нестабилност: ЕДС нуди две години фиксна цена на струја плус подарок клима

До 40% пониски сметки и вреден подарок: ЕДС со понуда што носи реална заштеда за бизнисите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 03 април 2026 изнесува 108,30 евра за мегават час, на МЕМО 116,17 евра за мегават час

А1он

Фиксни цени, зелена енергија и стабилност: Како ЕДС ги поддржува бизнисите на нестабилен пазар

А1он