Новиот состав на КХВ ги утврди приоритетите за пазарот на хартии од вредност

Од:

Новиот состав на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  ја одржа првата конститутивна седница. Нов претседател на Комисијата е Елизабета Чингаровска,  а членови се Милаим Ајдини, Михаил Петковски, Александар Стојков и Сејдија Фазлиоски.

Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска и комисионерот Милаим Ајдини се професионално ангажирани, а останатите тројца функцијата ќе ја извршуваат како надворешни комисионери, соопшти Комисијата за хартии од вредност.

На седницата, одржана вчера беа утврдени главните приоритети за работењето на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во текот на 2013 година.

– КХВ ќе продолжи активно да ја извршува својата функција на супервизорски и регулаторен орган на пазарот на хартии од вредност, како од аспект на унапредување на регулативата, така и од аспект на контрола на сите учесници во работењето со долгорочни хартии од вредност во земјава, ќе продолжи да ја промовира  транспарентноста како модел на работење и да го усовршува системот на комуникација со јавноста и со учесниците на пазарот на хартии од вредност, засилено ќе се посвети на едукација на издавачите на хартии од вредност и на потенцијалните инвеститори, што е во корелација со реализирање на краткорочните и на долгорочните цели на КХВ, стои во соопштението.

Од Комисијата сметаат дека преку едукацијата на пошироката јавност за правилно инвестирање на средствата се очекува да се придонесе за стабилност на финансискиот систем и да се помогне да се ублажат негативните последици од глобалните финансиски кризи врз македонскиот пазар на хартии од вредност.

– Едуцираните инвеститори со знаења од областа на пазарот на хартии од вредност може да придонесат за дополнителна ликвидност на пазарот, кој претставува еден од  начините за финансирање на акционерските друштва, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска