Новини во Катастарот-редовите за имотен лист ќе станат минато

Од:

Околу 1.000 имотни листови во име на Агенцијата за катастар на недвижности, за еден месец издале општините, геодетските фирми и нотарите, преку новата апликација  i-cat  што раководството на Катастарот денеска го презентира пред премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Катастарот, според најавите,  во иднина ќе функционира како берза на недвижности и ќе воспостави регистар на градежно земјиште.

– Во тест периодот за еден месец склучивме 91  договор и се издадени  над 970 имотни листови. Наместо да дојдат во катастарот, граѓаните го вадат имотниот лист веќе кај нотарот, геодетот или во општината. Интересот е голем и  секој ден пристигнуваат нови барања. Упатуваме повик до сите општини, нотари и  геодетски компании да се приклулчат на овој систем бидејќи така ќе се олесни нивната работа и на граѓаните на подрачејто каде работат, изјави по средбата директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски.

Новата апликација, како што појасни, веќе функционира во целата држава. Имињата на овластените општини, геодети и нотари за издавање имотни листови се објавени во Агенцијата за катастар на недвижности.

Трпевски пред премиерот и ресорниот министер ги најавил и законските измени што планира Катастарот да ги достави до крајот на месецов до Владата. Со нив ќе се овозможи Агенцијата за катастар заедно со општините  во најскоро време да воспостави регистар на градежно земјиште.  Моментно не постои регистар на  градежно земјиште и една од работите што ќе ги преземе  Агенцијата е негово воспоставување, рече Трпевски.

Агенцијата планира  да направи и масовна евалуација на недвижностите, со што ќе функционира и како берза на недвижности. – Ќе имаме проценка на сите недвижности на ниво на една катастарска општина,  на ниво на општина, населба, град  или на ниво на цела држава. Тоа  буквално значи дека катастарот како институција каде доаѓаат  сите договори за купопородажби,  што е веќе  воспоставена меѓународна пракса, ќе биде берза на недвижности. Секој граѓанин ќе може пред да купи стан да  провери каква била вредноста пред да го купи. Исто така,  на дневна основа катастарот ќе го покажува индексот на пазарот на недвижности во Македонија. Ќе се знае точно  дали пазарот, на пример во централното подрачје, расте или паѓа, која е просечната цена. Исто така, ќе се знае по која цена се плаќа за закупнините. Многу работи ќе му бидат познати на граѓанинот пред да се одлучи за каква било инвестиција, појасни Трпевски.

Откако ќе бидат изгласани законските измени, Агенцијата за катастар на недвижности до средината на годинава ќе изготви софтвер кој ќе овозможи  примена на системот за да  наесен   се стартува со внесување на првите детални урбанистички планови. На тој начин државата ќе добие јасна евиденција колку е вкупното градежно земјиште и колку од него е изградено или не, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

A1on