Нови милион и пол Американци останале без работа неделава

Од:

Бројот на невработени во САД се зголеми за 1.5 милиони во минатата недела, што сигнализира стагнација на закрепнувањето на пазарот на трудот, по неколкунеделен пад на бројот на барањата за надомест за невработени.

Бројот на побарувања поднесени минатата недела е речиси идентичен со претходната недела кога, според ревидираните податоци на министерството, 1,54 милиони Американци поднеле барање за надомест.

Бројките се значително пониски од врвот на корона-кризата кон средината на март кога повеќе од шест милиони американски граѓани аплицираа за надомест. Сепак, тие покажуваат прекин на трендот на намалување, што почна во средината на април.

Многу држави почнаа со укинување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но кај некои, особено во Аризона, Тексас и Флорида, бројот на нови инфекции повторно се зголеми.

Претставниците на Централната банка во моментов проценуваат дека економијата ќе падне 6,5 проценти оваа година, додека невработеноста ќе остане висока за неколку години.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски