Нови инвестиции од 1,5 милијарди долари на Филипините

Од:

Филипинскиот национален борд за развој, по неколкудневна маратонска расправа, даде зелено светло за шест инвестициски проекти за водоснабдување и сообраќај во кои ќе бидат вложени милијарда и пол долари.

За спроведувањето на проектите лично  се грижи филипинскиот претседател Бенињо Акино.

Со јавно-приватна сопственост ќе се изградат две големи акумулации со кои треба да се реши проблемот со снабдување со вода за пиење на главниот град Манила и околината, а ќе се реновираат и два аеродроми и железичка пруга во внатрешноста на архипекагот.

Инвестициите треба да придонесат и за подобрување на вкупните резултати на филипинската економија која, по пораст на БДП-то од седум до 12 отсто во последните четири години, годинава предвидува раст од само 2 проценти, поради големи природни катастрофи што се случија лани.

Најголеми штети на филипинската економија предизвикаа ураганот Јоланда, еден од најјаките во светот во последните 20 години и катастрофалниот земјотрес од 6,9 степени кој нанесе огромни штети на речиси половина од вкупната територија на Филипините. 

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати