Нови цени на горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 26.05.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,224%, кај дизелот за 0,761%, кај екстра лесното масло за 0,484% и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4567%.
Од 3.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,862 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

А1он

Нови цени на горивата

(ВИДЕО) Недостиг на гориво низ Русија, во Москва станува сè потешко да се најде бензин

А1он

Дизелот надмина 100 денари

Поевтинуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата