Нови цени на бензинот од полноќ

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 % во однос на одлуката од 22.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,336%, кај дизелот за 2,826%, кај екстра лесното за 2,731% и кај мазутот намалувањето е за 2,066%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,143%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата