Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,541%, кај дизелот за 1,152%, кај екстра лесното масло за 1,318% и кај мазутот има намалување за 2,660%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,077%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и сега ќе изнесува 38,130 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата