Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Од:

Нови 40 реномирани компании, кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, од јануари 2023 година се приклучија во балансната група на РЕС, со што оваа компанија, формирана во февруари 2022 година, за помалку од една година се етаблираше како лидер во трговијата и снабдувањето со електрична енергија на македонскиот пазар. Во овој моментот балансната група на РЕС е сочинета од повеќе од 230 домашни и странски компании.

Со овие нови 40 компании, портфолиото на РЕС се зголемува за дополнителни 25 MW на час или повеќе од 200 GWh струја на годишно ниво, а вкупната потрошувачка на сите клиенти може да достигне повеќе од 70 MW на час.

Обновливите извори на енергија во сопственост на Кочо Анѓушев и на Иво Прокопиев, сопственик на компанијата КЕР ТОКИ од Бугарија, кои се и ко-сопственици на РЕС, и овозможуваат на компанијата РЕС да креира најдобри пакети за снабдување со електрична енергија. Моделите за снабдување креирани од стручниот тим на РЕС, беа препознаени како најповолни од страна на македонското стопанство, што се докажува со континуираното зголемување на бројот на клиенти и конзумот на енергија.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он

Владата усвои информација за изработка на физибилити студија за Специјална економска зона за трговија и стоки

А1он