Новата грчка Влада нема да потпише нов меморандум

Од:

Новата грчка Влада нема да потпише нов меморандум, но се обидува да стигне до некакво взаемно прифатливо решение со партнерите до понеделник за кога е планирана редова средба на Еврогрупата, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис.

Тој нагласи дека зборот „продолжување“ на програмата се покажал како основна пречка за заедничка декларација по разговорите вчера во Брисел на министрите за финансии од еврозоната.

Тој потврди дека навистина имало телефонски разговор на министерот за финансии Јанис Варуфакис со премиерот Алексис Ципрас, пред да биде донесена заедничка декларација и оти било одллучено таа да биде отфрлена од грчка страна.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица