Новата АИИБ стартува со 57 земји–членки и 100 милијарди долари почетен капитал

Од:

Новоооснованата Азиска Банка за инвестиции во инфраструктурата (АИИБ), која се формираше на иницијатива на Кина, годинава ќе стартува со работа, со основен капитал од 100 милијарди долари.

Спогодбата да бидат кооснивачи лани ја потпишаа  56 држави, а денеска тоа го направи и Филипините, што предивика прилично големо изненадување во политичките кругови на Азија.

Филипините се многу близок сојузник на САД, кои, покрај Јапонија, сметаат дека новата АИИБ ќе биде непотребна и нелојална конкуренција на Светската и Азиската банка за развој.

Азиската банка за инвестиции во инфраструктурата, најмногу ќе инвестира во Источна и Југоисточна Азија, и до 2025 година предвидено е да се изградат нови патишта, железнички пруги, аеродроми и пристаништа, а инвестициите ќе бидат над 3.500 милијарди долари. Најмногу средства за инфраструктурен развој ќе се вложуваат во државите од АСЕАН и во Индија.

Оснивачи на АИИБ се и Велика Британија, Франција, Италија и Германија. Од поголемите потенцијални инвеститори во инфраструктурата се исклучија САД и Јапонија, а се чека и потписот на Јужна Кореја.

Кина, со оснивачки влог од 47 милијарди долари, нагласува дека одлуките на АИИБ ќе бидат мотивирани од економски, а не од политички интереси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска